четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пронајдени бомби во кумановско Лопате

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 05.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на стариот пат кон с.Лопате, кумановско, биле пронајдени пет бомби-кашикари како и две рамки за автоматска пушка(завиткани во најлонска кеса), кои најверојатно потекнуваат од конфликтот од 2001 година.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а бомбите се подигнати од служба од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Поврзани вести