Пронајдени остатоци од човечки скелет во близина на Мавровски езеро

Делови од човечки скелет се најдени на брегот на Мавровско езеро во населбата Маврови анови во близина на некогашниот угостителски објект „Бел коњ”. По извршениот увид ќе се врши вештачење за да се утврдат поединости поврзани со случајот.

Според СВР Тетово, вчера на 02.04.2023 во Полициското одделение Маврово било пријавено дека кај место викано „Бела вода” во Мавровско езеро биле пронајдени остатоци од човечки скелет.

Остатоците, биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.