Министерството за внатрешни работи на Македонија соопштува дека вчера (17.08.2026) околу 22:00 часот, во село Богородица, Гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична проверка Богородица го лишиле од слобода Р.С. (59) од Латвија.
„При претресот на патничкото возило „Фиат Типо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 имигранти од Египет. Имигрантите се сместени во Прифатниот и транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, додека Р.С. е предаден на Полициската станица во Гевгелија.“
„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од Министерството за внатрешни работи.
The post Пронајдени 10 мигранти од Египет, уапсен латвиски шверцер appeared first on Во Центар.



