четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пронајдено Фаберже јајце вредно милион евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Златно јајце опточено со дијаманти, кое е украдено во Женева пред четири години а чија вредност се проценува на милион евра, го пронашла француската полиција во близина на швајцарската граница.

Полицијата соопшти дека бесценетото јајце, во стилот на Фаберже, откриено е во текот на рутинска сообраќајна контрола на сомнително BMW, во кое имало двајца државјани на Белорусија, кои се уапсени.
 Според соопштението уапсен е уште еден државјанин на Белорусија, со место на живеење во Швајцарија, кој ги следел првите двајца со Јагуар.
 Полициски службеник од Франција вели дека во текот на испитувањето тројцата тврделе дека јајцето го нашле на земја или дека го купиле евтино на пазар.
 Уапсените се обвинети за поседување украдена стока и вооружување. За нив постојат потерници во Франција и во Швајцарија поради неколку провали.
Макфакс
Златно јајце опточено со дијаманти, кое е украдено во Женева пред четири години а чија вредност се проценува на милион

Поврзани вести