Брачен пар од Србија, Мирко и Миле М, по кои трагаа нивните загрижени деца, вчера вечер е пронајден во Паралија. Како што беше објавено во Фејсбук групата Грција инфо, се јавил сопственикот на вилата во која престојуваат и изјавил дека имаат проблем со телефонот.
Како што се наведува во вчерашниот апел, во групата, Мирка и Миле М. не контактирале со децата од неделата кога пристигнале во Катерини Паралија, објавено е во Фејсбук групата Грција инфо.
„ Во неделата Мирка и Миле М. пристигнаа во Паралија и најдоа соба во близина на плажата. Потоа им се јавија на семејството, поточно ќерката и синот. Оттогаш нивните деца безуспешно се обидуваат да се слушнат со нив, но се недостапни“, се наведува во групата Грција инфо.
Децата на брачната двојка контактирале со полицијата во Катерини и биле известени дека немаат информации дека нешто им се случило на овие лица.
„Затоа би ве замолил сите кои го читате ова и сте во Паралија, доколку ја видите оваа двојка, дајте им до знаење дека децата ги бараат и дека се загрижени. Тие дојдоа со црн автомобил БМВ и имаат регистарски таблички од Деспотовац.