четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пронајден кокаин, две лица задржани во ПС Гостивар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Вчера (19 февруари) во 17.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Г.А.(48) и У.И.(54) двајцата од гостиварско.

Како што соопшти СВР Тетово полицијата при преглед во патничко возило „фолксваген фокс“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин. „Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле претрес во домот на У.И. во Форино, при што биле пронајдени кокаин и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.“, стои во полициското известие.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | 7/7 ЕМИСИИ:

Извор








Поврзани вести