Пропадна банка, замрзнат имотот… Рускиот милијардер е бесен: Ја тужи европската земја

Рускиот милијардер Михаил Фридман покрена меѓународна арбитражна постапка против Холандија, барајќи надомест за пропаѓањето на неговата Амстердамска трговска банка.

Тој, исто така, бара враќање на контролата врз дел од неговиот имот што беше блокиран по воведувањето на санкциите на Европската Унија.

Фридман, кој има руско и израелско државјанство, го покренал спорот пред Постојаниот арбитражен суд во Хаг, а своето барање го темели на билатералниот инвестициски договор меѓу Холандија и поранешниот Советски Сојуз од 1989 година, објави „NL Times“.

Милијардерот, исто така, ја обвинува Централната банка на Холандија (DNB) дека врши притисок врз комерцијалната банка во Амстердам по соборувањето на летот MH17 во 2014 година.

Поради санкциите, тој ја изгуби контролата врз британскиот синџир аптеки „Холанд енд Барет“, акциите во рускиот трговски синџир „Х5“ и телекомуникациската компанија „Веон“, како и врз други средства.

Фридман бара враќање на контролата врз своите средства и надомест на штета, неодреден износ.

Рускиот милијардер паралелно спроведува и други арбитражни постапки. 

Пред меѓународното арбитражно тело на Светската банка, тој бара околу една милијарда долари од Украина поради национализацијата на банката, додека во 2024 година покрена постапка против Луксембург вредна дури 16 милијарди долари.
The post Пропадна банка, замрзнат имотот… Рускиот милијардер е бесен: Ја тужи европската земја appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: