Пробајте го овој рецепт кој е одличен за вашето здравје и за витка линија!
Протеинска салата со никулци од наут
Потребни состојки:
200 г никулци од наут
200 г никулци од пченица
1 млад лук
1 краставица
1 морков
сок од лимон
сол
маслиново масло
Начин на подготовка:
Излупете ги морковот и краставицата, а потоа исечкајте ги ситно, изрендајте ги или ако имате машина што прави „шпагети“ од зеленчук искористете ја неа.
Исечкајте го младиот лук ситно, а ако не е сезона на младиот лук, тогаш слободно заменете го со кромид или праз.
Измешајте ги никулците со зеленчукот, зачинете по вкус и послужете со парчиња лимон.