Протеински ручек кој го обожава Џулија Робертс

Кога се работи за исхраната, Џулија Робертс не е типична холивудска дива, па нема да ве советува ручекот да го замените со зелено смути или хумус и зеленчук. Дури и кога јаде салати, во нив вели дека додава хранливи состојки како јајца, сирење, панчета и јаткасти плодови, кои ја враќаат енергијата, ги градат мускулите и помагаат во слабеењето. За магазинот People, готвачот Тејлор Бордо од ресторанот Napa Valley Grille го сподели рецептот за ручек кој Џулија Робертс често го консумира. Мошне интересен рецепт навистина…


Топлата салата е составена од: 15g панчета, 1 јајце, Којзо сирење, 1 лажица тостирани ф’стаци, 60g прокељ, 30ml прелив за салата. Подготовка: Панчетата исечкајте ја на ситни коцки и пропржете ја во тава (без масло). Прокељот убаво измијте го, иситнете го на мали парчиња, па пропржете го заедно со панчетата. Вака подготвениот прокељ ставете го во стаклен сад, зачинете со прелив направен од лажица сенф, маслиново масло, вински оцет, 2 лажици сок од лимон, сол бибер и свежи билки по желба. Преку него ставете ги тостираните ф’стаци, исечканото јајце и коцките сирење. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.