вторник, 24 ноември 2026
Најново

Протестите се проширија низ поголемите градови во БиХ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Синоќа голем протест се одржа во Бања Лука. Причина е неразјаснетото убиство на момчето Давид Драгичевиќ, чиј татко беше уапсен зашто не се појавил на судење, а при апсењето полицијата му ја скрши раката. Покрај таткото беше уапсена и мајката на Давид , која се бореше со полицијата да не го уништи споменот на нејзиниот син , поставен во центарот на градот. Сепак и таа беше уапсена , што дополнително ги разгневи граѓаните.
Во знак на солидарност со родителите на убиениот Давид Драгичевиќ, синоќа протести се одржаа и во Сараево и во другите поголеми градови во БиХ. На протест повика и опозицијата, па така синоќа на повеќе места полицијата се судри со демонстрантите, кои извикуваа ,,Правда за Давид”.

 

Поврзани вести