Неколку илјади луѓе се собраа во Љубљана да ги поддржат студентите во Србија и да побараат од градоначалникот Зоран Јанковиќ јавно да се извини за поддршката на српската влада, пренесе Бета.
Собирот наречен „Љубљана се крева“ започна во 11:52 часот пред Амбасадата на Србија со молчење во спомен на 15-те жртви од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Потоа насобраните се упатија кон Градската општина Љубљана, каде организаторите поднесоа четири барања.
Пред градското собрание беа поставени 15 столчиња во спомен на загинатите во Нови Сад.
Од градоначалникот на Љубљана се бара јавно да им се извини на студентите во Србија, како и на граѓаните и студентите во Љубљана.
Се бара и Јанковиќ јавно да ги поддржи студентите во Србија кои со месеци ги блокираат факултетите, незадоволни од работата на институциите, а членовите на градското собрание јавно да го кажат својот став за протестите во Србија.
Едно од барањата е Јанковиќ да не распише избори во Србија додека не се исполнат сите студентски барања.
Јанковиќ во изминатите неколку дена во неколку наврати го поддржа српскиот претседател Александар Вучиќ и му испрати официјално писмо за поддршка.



