Протест за Абдулфета Алими

Пред споменикот на Скендер Бег денес се собраа демонстранти кои сакаат да му дадат поддршка на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор како обвинет во случајот “27 април“, по што насобраната топла се упати кон Кривичниот суд кој беше опколен со специјалци. Учесниците на протестот носеа маици со ликот на Алими и извикуваат пароли: “Нема правда, нема мир“, “Правдата не е пазар“, “Да спасиш човек“, не значи дека си терорист“,…
Вчера на ТВ“21“синот на Абдулфета, Бурим Алими,  повика на протестот за неговиот татко, нарекувајќи го случајот политички монтиран.
– Ние заедно како семејство, со многу роднини и пријатели на татко ми, презедовме иницијатива за да го изразиме нашето незадоволство, бидејќи сметаме дека мојот татко е жртва на политички монтиран случај. Татко ми на 27 април беше на ниво на задачата, штитејќи ги пратениците во Собранието. Во име на Иницијативниот одбор, ги повикувам сите граѓани без разлика, како и оние кои се засегнати со случаите кои им се монтираат на Албанците. Монтираните случаи за Албанците не престануваат, па затоа ве повикувам сите да ни се придружите и заедно да го кренеме гласот на разумот и да побараме правда за нашите блиски кои неправедно страдаат. Нашиот апел е да им кажеме „стоп“ на сите политички монтирани случаи, бидејќи ние нема да застанеме и ако има потреба, правдата ќе ја бараме во повисоките инстанции во Стразбур, изјави Бурим Алими.
Против затворската казна на Абдулфета Алими јавно се изјасни и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој заедно со Арбен Таравари протестираа со насобраниот народ пред Кривичниот суд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.