четврток, 12 ноември 2026
Најново

Протест на жените поради силувањата во Индија, уапсени 50 демонстранти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неколку стотици демонстранти се судрија со полицијата во престолнината на Индија за време не простестот организиран по повод последниот случај на силување во кој мета беше петгодишно девојче. Демонстрантите барале оставка од началникот на полицијата, а во нредеите кои следеа уапсени се 50 лица.

Последниот податок којшто ја шокираше јавноста на Индија беше силувањето на петгодишното девојче, кого родителите го напуштиле и го оставиле во болница во која се опоравува од последиците од силувањето.
 Непознато лице го грабнал девојчето, а потоа ја силувал, тепал и мачел. Здравствената состојба на девојчето е многу тешка, а јавноста е дополнително шокирана од постапката на родителите. 
 Оваа информација ја пушти во јавноста лидерот на опозицијата Сушма Сварај, којшто потресната вест ја дознал додека бил во посета на девојчето во болница.
 Бесот кај народот секојдневно расте затоа што државата не ги решава случаите на силување, а извршителите не ги изведува пред лицето на правдата.
 Демонстрантите исто така побарале Владата на подобар начин да обезбеди безбедност на жените и девојките во градот. Тие го повикаа началникот на полицијата во Њу Делхи да поднесе оставка, а од полицајците обвинети за пропусти во работата бараат оставка.
 Полицијата соопшти дека привела повеќе од 50 демонстранти кои се обиделе да ги пробија барикадите на пат кон куќата на Индира Ганди, но сите биле пуштени на слобода неколку часа подоцна.
 Студентите исто така планирале да одржат протест на главната улица во Њу Делхи. Но полицијата ги спречила.
Макфакс
Неколку стотици демонстранти се судрија со полицијата во престолнината на Индија за време не простестот организиран по

Поврзани вести