До нашата редакција стигна допис за протест на 5 септември. Го пренесуваме подолу интегрално.
Ве известуваме дека е најавен протест во Недела 5ти Септември, 19:00 пред Собранието на Р.М.
Протест Против ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВ НА ВАКЦИНАЛЕН СТАТУС!
Барањата на протестот се следните.
-СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВ НА ВАКЦИНАЛЕН СТАТУС!
-СТОП ЗА ДЕЛЕЊЕ НА НАРОДОТ НА ВАКЦИНИРАНИ И
НЕВАКЦИНИРАНИ!
НЕВАКЦИНИРАНИ!
-СТОП ЗА КОВИД ПРОПУСНИЦА!
-СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ ПРЕД УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ
Народот се оградува од било какви инциденти и невкусности од страна на индивидуи уфрлени да не разделат!
Воедно испраќаме демант до телевизија 24, каде во вестите, во насловот на протестот пишуваше “антиваксерски протест”. Ова е ширење лажни вести! Нашето Народно Движење не е антиваксерско туку е антифашистичко!
Би сакал да ја искористам оваа прилика и да ви заблагодарам на сите медиуми, затоа што ниеден медиум и покрај испратеното известување, не објави дека е најавен протест, а сепак се собраа голем број граѓани. Господ да му даде здравје на Марк Зукеберг, да не беше Фацебоок сеуште ке живеевме во мрачната доба на медиумите.
Ова е нашата ФБ страна, каде може да ги следите нашите активности, и соодветно да објавувате вести, доколку имате дозвола! 🙂



