Противниците на Тачер и’ свртија грб на погребната поворка

Дваесетина противници на политиките на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер ги свртија грбовите и извикуваа „бууу” додека ковчегот со нејзиното тело минуваше низ улиците на британската престолнина Лондон.

Скотланд Јард ноќта кон средата пред започнувањето на церемонијата на поранешната премиерка Маргарет Тачер уапсил три лица во центарот на Лондон, но причината за нивното приведување не се соопштува. The Telegraph пишува дека станува збор за приведување поради пишување недолични графити со содржина упатена на адреса на починатата „Челична лејди”
Инаку целата церемонија минала без инциденти, доколку се исклучат гласните негодувања на противниците на Тачер, пренесуваат агенциите.
Илјадници почитувачи на Маргарет Тачер се собраа на улиците на Лондон, од Вестминстер до катедралата Свети Павле.
Еден маж носел транспарент на кој пишувало „Буу!”, а други извикувале „шлајм”, но некои ракоплескале како знак на почит на Тачер и фрлале цвеќе по рутата оддавајќи и почест на британската премиерка која имаше најдолг мандат во XX век.
Маргарет Тачер беше првата жена британски премиер и првата со три последователни мандата, избрана последователно во 1979, 1983 и 1987 година, и во текот на трите мандата,остана запаметена по тоа што спроведе голем број тешки и непопуларни мерки во областа на внатрешната политика и економијата. На пример, ја скуси програмата за социјална помош, ги намали овластувањата на синдикатите и приватизираше некои индустриски сектори, од 1985 година речиси 230 илјади британски рудари ја загубија работата, а владата на Маргарет Тачер по цела година спротиставеност меѓу премиерката и рударските синдикати кои стапија во штрајк, затвори 165 рудници.
Испитувањата на јавното мнение покажаа дека многу Британци се незадоволни што погребот, кој се преоценува дека чини десет милиони фунти, ќе се финансира со парите од даночните обврзници, додека некои левичарски парламентарци се спротиставија дека нејзиниот помпезен погреб е претерување.
Макфакс
Дваесетина противници на политиките на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер ги сврти

Пронајдете не на следниве мрежи: