Наследниот фактор и околностите под кои живееме, се познати предизвикувачи на депресија, а најновата американска студија покажува дека еден од главните фактори за настанувањето на депресијата е работата со која се занимаваме.
Медицинскиот персонал е првиот на листата, а погледнете кои други професии ја надополнуваат целата листа.
Медицинскиот персонал и сите оние кои се грижат за болните и немоќните.
Стручњаците ова го објаснуваат не само со стресот поради состојбата на пациентот, туку затоа што и нема повратна реакција од немоќните. Секојдневниот контакт со личностите кои се многу болни, стари, хедикепирани или премногу млади, па не умеат да покажат благодарност, на долги патеки поттикнуваат депресија, тврдат психолозите.
Келнерите се на второ место. Освен напорната работа и главно малите плати, тие секојдневно се соочуваат со „тешки“ муштерии склони да им наредуваат и омаловажуваат.
Третото место е за социјалните работиници. Од една страна, тие секојдневно слушаат тажни и трагични приказни, а од друга страна, на загрозените не можат секогаш да им помогнат поради бирократските правила, па стануваат фрустрирани.
Лекарите кои се соочуваат со смрт, патење и болка, исто така се склони кон депресија, и покрај одбрамбениот механизам.
Петтото место на оваа неславна листа го заземаат уметниците. Нередовните хонорари, сколност кон успивање, самокритика, омаловажување на талентот и значењето делуваат погубно на психата.
На списокот се наоѓаат и учителите од кои се очекува многу во работата со децата и трговците, а депресивни се и вработените кои работат во ноќни смени, изолирани од другите колеги, а главно слабо платени.
Финансиските советници и сметководителите главно имаат добри примања, но превземаат голема одговорност, па ако клиентот ги изгуби парите, со тоа тешко се соочуваат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.