Приказните за слабеење се секогаш актуелни, а наместо да се мачите со разни диети, можеби треба само да внимавате на храната.
Гледам дека готовата храна се јаде прекумерно, а не во умерени количини, што може навистина да го отежне слабеењето, изјави Џена Ризо на TikTok, која собра повеќе од 28.200 прегледи.
@jennaaaamariee The last one gets a lot of people🫠 ♬ original sound – Jenna Rizzo | Weight Loss
Таа препорачува избегнување на овие намирници:Готови шејкови и кашичкиАмериканското здружение за срце препорачува да се јаде четири и пол чаши овошје секој ден, но Ризо вели дека смути и акаи купени во продавница не добар избор.– Ќе бидат натоварени со многу дополнителен шеќер, а овошјето и зеленчукот што ги користат често се само во прав, па не јадете ни вистинска храна, објасни Ризо. Затоа таа вели дека е подобро да ги направите сами бидејќи ќе користите вистинска храна, а нема да внесувате шолја додаден шеќер.Замрзната готова храна– Оваа храна е многу калорична. Ова може да ја отежне контролата на порциите, бидејќи не сакате само мало, ситно парче пица, туку три или четири.Таа додаде дека таквата храна обично не ги содржи најдобрите состојки. Истражувањето ја поврза ултра-обработената храна како замрзнатите вечери со поголем ризик од прерана смрт, срцеви заболувања, колоректален карцином, дебелина, депресија и други сериозни состојби.КоктелиКонсумирањето алкохол може да го отежне слабеењето бидејќи е калоричен и може да го попречи согорувањето на мастите.Ризо не сака алкохол, особено коктели.– Мора да размислите за соковите, сирупите кои се додаваат во овие коктели, кои драстично ќе ја зголемат количината на калории. Така лесно можете да внесете стотици до илјадници калории за една ноќ. А згора на тоа, ако малку се напиеме, повеќе копнееме за нездрава храна.