Професорка заврши зад решетки, барала 300 евра од студент за да полага

Приведена е професорка од Универзитетот во Штип поради тоа што побарала и примила поткуп од 300 евра од студент за да полага испит.
          – На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026. Преземени се мерки во координација со Основното јавно обвинителство Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра. Полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите, информира МВР.
По објавата, се јавија и од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип од каде порачаа дека во академската заедница нема место за никој кој ја злоупотребува позицијата и го нарушува
– За жал, ниту еден систем не е целосно имун на поединци кои се подготвени да го прекршат законот и да ја злоупотребат довербата што им е укажана. Токму затоа целосно ги поддржуваме активностите на надлежните институции во борбата против корупцијата. Само со професионални, законити и неселективни постапки можат да се откријат, санкционираат и трајно да се отстранат ваквите појави од академскиот систем, наведува Универзитетот во реакцијата, од каде ги повикаа сите кои имаат сознанија за корупција и други незаконски дејствија да не молчат.
The post Професорка заврши зад решетки, барала 300 евра од студент за да полага appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: