Професор од „Тетовски“ предвидува „ИСЧЕЗНУВАЊЕ И ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА НА ТРИ ДЕЛА“

Македонија ќе исчезне со тоа што ќе биде поделена меѓу три држави.“ – тврди Гуракуќ Куќи, доктор по меѓународни односи и професор на студиите за политички науки на Правниот факултет при државниот Универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Опција на ‘мирот’, или ‘надгробна плоча на гробот’ на Западниот Балкан “, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.

Еве како БОТА СОТ го анализира сето она што се случува за да го оправда контекстот:

Зачувувањето и идеолошкото и геополитичкото проширување на Русија децидно ја користи цивилизацијата во смисла на православието како религија преку Глобалната православна црква, каде што ја создадоа основата на дејствување што официјално се нарекува „Руска доктрина“.
По окупацијата на Крим од Русија, Руската православна црква заедно со Сергеј Лавров и Владимир Путин излезе со изјава „за отпор кон интернационалистичката либерализација и заштита на православната цивилизација“. Што продолжува и денес во случајот со инвазијата на Украина.
Значи, Словените својот национализам го изградиле на православната религија и нивното единство е нераскинливо од падот на Бизмарк и распаѓањето на Договорот за реосигурување, од тоа време Словените имале модел на модерна моќна империјалистичка соработка (соработката била секогаш, но овде зборуваме за тоа на ниво на современи држави). Русија во секоја војна и помага на Србија и се обидува да води војна со НАТО за Косово.
Гуракуќ Куќи, доктор по меѓународни односи и професор на студиите за политички науки на Правниот факултет при државниот Универзитет во Тетово

Во својата „експертска анализа“ за состојбата на Балканот и поодделно за западниот дел на овој регион професорот Куќи првин го исцртува контекстот и начинот, во кој „се шири руското влијание“: „Зачувувањето и идеолошкото и геополитичкото проширување на Русија децидно ја користи цивилизацијата во смисла на православието како религија преку Глобалната православна црква, каде што ја создадоа основата на дејствување, што официјално се нарекува ‘Руска доктрина’.

„Денес Србија и Русија го продолжуваат трендот на империјализам на Балканот со конзервативни националистички методи преку православната црква.“

Потоа тој ги „анализира“ „можностите за мирот и стабилноста, или за смртта на Балканот“: „Реалполитиката на земјите од регионот со Србија и против Косово е надгробната плоча на гробот на Балканскиот регион. Косово е стабилноста на Западниот Балкан и уништувањето на овој поредок минува низ Косово.

Со „посебно внимание“ е опишана „тажната судбина“ на Македонија: „с.Македонија ќе исчезне со тоа што ќе биде поделена меѓу три држави.“

„Посакувам с.Македонија да разбере повеќе работи од последниот националистичко-шовинистички антиалбански инцидент.“ – „советува“ со „убав тон“ докторот и професор по меѓународни односи и политички науки од тетовскиот државен Универзитет во Тетово Гуракуќ Куќи.

Пронајдете не на следниве мрежи: