Стопати сме слушнале дека ни требаат 8 часа сон во текот на ноќта, но според д-р Даниел Е. Либерман, тоа е глупост.
Овој професор од Харвард во подкаст рече: „Идејата луѓето да спијат осум часа навечер е вистинска глупост“.
Либерман е најпознат по неговите истражувања за човечката еволуција, палеоантропологијата, еволутивната медицина и вежбањето. Тој вели дека правилото за осум часа сон постои одамна, уште од индустриската револуција. Сепак, тој и неговите колеги спроведоа истражување на луѓе кои спијат шест или седум часа и не дремат во текот на денот.
„Заклучивме дека едноставно не е точно дека ни требаат осум часа сон“, му откри тој на водителот Стивен Бартлет.
Тој смета дека на луѓето треба да им се препорача седум часа сон.
Неговото тврдење не е сосема неточно со оглед на тоа дека препорачаната количина на сон зависи од возраста. Седум или повеќе часа сон навечер се препорачуваат за возрасни, а некои организации препорачуваат седум до девет часа.
„Ќе ви треба повеќе сон ако сте болни, но седум часа се оптимални за повеќето луѓе“, заклучува д-р Либерман.