Проѕирното кафе стана хит во светот: Има само 2 калории и не остава дамки на забите

На пазарот се појави необичен новитет кој брзо го привлече вниманието на љубителите на кафе, транспарентно кафе кое изгледа како вода, но наводно го задржува вкусот на класичниот пијалок.

Она што го прави особено интересно е тоа што содржи само две калории и не остава темни дамки на забите.

Овој пијалок е лансиран од брендот CLR CFF и е создаден од двајца браќа од Словачка додека живееле во Лондон. Според нив, кафето е направено од висококвалитетни зрна арабика, кои се обработуваат со посебен метод, така што пијалокот останува целосно транспарентен.

Производителите истакнуваат дека во пијалокот нема шеќер, засладувачи или адитиви, па затоа многумина го сметаат за интересна алтернатива на класичното кафе . Може да се пие самостојно, но може да се користи и како додаток во коктели.

Шише од 200 милилитри моментално чини околу 6,8 евра и моментално е достапно само во ограничен број продавници низ Европа.
The post Проѕирното кафе стана хит во светот: Има само 2 калории и не остава дамки на забите appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: