Состојки
200 гр палента
200 гр интегрално брашно
2 јајца
100 гр зејтин
50 гр сирење
20 гр тиквичка
20 гр печурки
50 гр чаден колбас
1 морков
Изматете две јајца, додадете зејтин, палента, интегрално брашно, една лажица сода и промешајте.
Печурките и колбасите исечете ги на ситно и додадете ги во тестото. Тиквичката, морковот и сирењето изрендајте ги и додадете ги во тесто. Посолете, додадете црн пипер, се убаво промешајте и истурете во намрсено тавче за печење. Печете на 200 степени околу 40 минути.
Испечената проја сечете на коцки и послужете со сирење.
Многу убава проја, пробајте.