Состојки
2 јајца
една и пол чаша пченкарно брашно
половина чаша обично бело брашно
една и пол чаша јогурт
една чаша обарен спанаќ
половина чаша рендани моркови
една лажица прашок за пециво
едно кафено лажиче сол
100 гр мешан микс од семиња
Една чаша која ја користам во мерките за оваа проја е од оние помалите шолји за чај односно 200 мл.
Ги матиме со миксер јајцата и потоа постепено ги додаваме сите други состојки, односно брашната двата вида, јогуртот, пецивото, солта и откако ќе добиеме хомогена смеса ги додаваме спанаќот и морковите, и со лажица мешаме.
Ја ставаме добиената смеса во набрашнета тава, ја посипуваме со миксот од семиња и печеме во загреана рерна 200 степени околу 25 минути.
Превкусна проја која одлично оди со чаша јогурт, или сирење и е совршен оброк за појадок.