Прскање против комарци

На подрачјето на град Скопје авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 3 и 4 јули, среда и четврток, во раните утрински часови. Терестичната дезинсекција ќе почне во среда и ќе заврши најдоцна до 6 јули (сабота), од 23:00 до 04:00 часот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе биде спроведена првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.
Град Скопје апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.