Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и англиски репрезентативец, Вејн Руни јавно го советуваше францускиот фудбалер Килијан Мбапе да си замине од ПСЖ ако сака да стане најдобар играч во светот.
Руни смета дека има подобри клубови за иднината на Мбапе, па му посочи два во кои би можел да ја продолжи кариерата.
„ПСЖ не е добар тим за тебе. Мислам дека екипи како Реал Мадрид и Манчестер јунајтед може да му помогнат да напредува и да стане уште подобар“, кажа Руни.
Мбапе минатото лето требаше да потпише за „кралевите“, меѓутоа се премисли и реши да остане во францускиот шампион.