Психотерапевтите ги откриваат седумте најрани знаци на депресија

Проблемите со менталното здравје се во пораст, а една од најчестите е депресијата.
И додека депресијата влијае на секоја личност различно, постојат некои заеднички карактеристики – и не изгледаат сите онака како што би можеле да очекуваме, објаснуваат психотерапевтите.

На пример, не сите луѓе со депресија плачат цело време или се постојано нерасположени.
Како што објави HuffPost, постојат некои посуптилни знаци кои може да укажуваат на тоа дека имаме депресија. Тоа се:

губење или недостаток на енергија
неможност да се фокусирате на одредени работи
зголемена анксиозност
изолација од општеството
занемарување на личната хигиена
проблеми со спиењето, лицето спие помалку или повеќе од вообичаено
раздразливост.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.