Пукање попладнево во Моране: Едно лице е во болница!

Едно лице е повредено во пукање во село Моране, дознава Инфомакс.

Од МВР ја потврдија информацијата.

– Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: