„Пука Козметика” се изборија на топ листата на „Домачица”

„Пука Козметика” и нивниот последен сингл „Она си го бара” успеаја да се изборат за место на топ листата на „Домачица” на регионалниот музички тв канал МТВ Адриа.

Покрај ова, на сајтот на музичката телевизија од 1 март се најде и нивниот албум „Да ви го напука…пак” за бесплатно преземање.
 
За сите кои сакаат да ги поддржат и да гласаат за нив тоа може да го сторат на следниве линковиhttps://mtv.rs/top-liste/domacicahttps://www.mtv.si/lestvice/domacicahttps://www.mtv.com.hr/top-liste/domacicaлинк за бесплатно превземање на албумотhttps://mtv.rs/downloads
 
Пука Козметика, е хип-хоп бенд каде што членуваат двајцата близнаци Жарко и Дарко Масларковски.
 
Нивните почетоци се од 1995 година на урбаното градско подрачје на Ново Лисиче. Првиот студиски албум „Да ви го на…пука” е снимен во 2006 година под Арена рекордс. Во 2008 година ја основаа „Токсикологија Мјузик” (заедно со Скит Скитара, Марија4и и Слаткаристика) со што ја започнаа хип-хоп револуцијата во Македонија.
 
Издадоа неколку заеднички проекти : Токсикологија-4екераукц 2008, Хроник екипа 2009, Токсикологија – Елоквентни господа 2010. За прв пат во македонската, а можеби и на балканската музичка индустрија, во 2012 година издадоа три албуми на USB стик од 4 гб.
 
Таму ги содржи, вториот официјален албум „Да ви го напука…пак”, „Македонија” и „Антологија на Пука Козметика 1996-2012″.
 
Од почетокот на својата кариера се препознатливи по нивните настапи во живо, енергијата и конекцијата со публика, а имале над 100 настапи и концерти на територијата на Македонија и регионот. Од нив го издвојуваме Хип-хоп Балкан фестивал во Софија, Бугарија што се одржа во 2002 година, каде прв пат настапија надвор од границите на нашата земја.
 
Потоа, Балкан хип-хоп фестивал Скопје 2010, Сливер Мун фестивал Охрид 2009, Вевчански карневал 2013. Покрај ова, имаат настапено и како предгрупа на неколку познати светски хип-хоп имиња како Busta Rhymes (2007 Софија, Бугарија) и Jery the Damaja 2006.Албумот „Да ви го напука…пак” содржи 15 синглови со гостување на Akil the M.C.(jurasic 5,Калифорнија, САД), Kal band (Белград, Србија), Скит Скитара, Слаткаристика, Диџеј Славе, Диџеј Је Ја, Диџеј Чваре.Песните се снимани во студиото на Токсикологија Мјузик 2011-2012Mix and Master – Скит Скитара, кој исто така се потпишува и како автор на музиката на неколку синглови од албумот.
 
Останати музички продуценти се Диџеј Номадуз, Ел Марија4и, Гордан (the beat maker), Боро Лаказ, Диџеј Уан (One).Стилот на творењето на Пука Козметика не е ограничен и се движи од саунд голден ера,хип-хоп до модерен нов рап па и неколку синглови со реге флејвор.
Макфакс
„Пука Козметика” и нивниот последен сингл „Она си го бара” успеаја да се изборат з

Пронајдете не на следниве мрежи: