Путин го зголеми бројот на руските вооружени сили на 1.500.000 војници

Претседателот на Русија, Владимир Путин, со својот указ од 1 декември 2024 година, го зголеми бројот на војници во вооружените сили на Руската Федерација за 180 илјади – до 1,5 милиони луѓе. Регулативата е објавена на официјалниот интернет портал за правни информации.
Така, според документот, вкупниот број на вработени во вооружените сили се искачи на 2.389.130 лица, меѓу кои 1.500.000 се војници.

Во претходната регулатива на оваа тема оваа бројка изнесуваше 2.209.130 лица или 1.320.000 војници. Претходната регулатива е во сила од 1 декември 2023 година.
Новата регулатива стапува во сила на 1 декември 2024 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: