ИНВАЗИЈАТА БИЛА ИЗНУДЕНА? Путин дури три пати го одложувал нападот, преовладало инсистирањето на ФСБ

Рускиот претседател Владимир Путин трипати ја одложувал целосната инвазија врз Украина. Иницијатор на нападот била Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација, тврди Вадим Скибицки, заменик-началник на Одбранбената разузнавачка служба на Украина, во интервју за германскиот весник „Билд“.

ИНВАЗИЈАТА БИЛА ИЗНУДЕНА? Путин дури три пати го одложувал нападот, преовладало инсистирањето на ФСБ

„Според нашите информации, нападот бил одложуван трипати, последен пат во средината на февруари“, рече тој.

Според Скибицки, Путин постојано разговарал за идејата за инвазија со Валери Герасимов – началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, и Сергеј Шојгу – министерот за одбрана, но ФСБ била таа која инсистирала.

„Тие (офицерите на ФСБ) беа сигурни дека се доволно подготвени за инвазијата. Тие вложија огромни ресурси и го туркаа Герасимов да нападне“, посочи тој.

Колку била погрешна нивната проценка, според Сибицки, говори и податокот дека руските единици за време на нападот на Киев имале залихи на храна, муниција и гориво за само три дена.

„Сите први цели не успеаја. Не можеа да го опкружат Киев, ниту да ги заземат Суми, Чернихив и Харков“, заклучи тој

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.