четврток, 12 ноември 2026
Најново

Путин испраќа руски авиони во Иран по експлозијата на пристаниште на југот на земјата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се испратат неколку авиони во Иран за да помогнат во справувањето со последиците од експлозијата во иранското пристаниште Бандар Абас, соопшти во неделата руското Министерство за вонредни состојби.Путин изрази сочувство за загубата на животот и му понуди помош на Иран во справувањето со последиците од експлозијата, соопшти Кремљ.Во соопштението се наведува дека Путин им пренел „зборови на искрено сочувство и поддршка на семејствата на жртвите, како и желби за оздравување на сите повредени“.Министерството за вонредни ситуации соопшти дека амфибискиот авион Бериев Бе-200 специјализиран за гаснење пожари, како и воено-транспортниот авион Иљушин Ил-76, ќе бидат испратени во Иран за да помогнат во гаснењето на пожарите и спасувањето животи, пренесува Ројтерс.Иранските државни медиуми објавија дека во голема експлозија, најверојатно предизвикана од експлозија на хемиски материјали, во Бандар Абас, најголемото пристаниште во Иран, загинале најмалку 25 луѓе, а повеќе од 700 се повредени.

Поврзани вести