Путин и Трамп телефонски ќе разговараат во 17 часот по московско време

Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков денеска изјави дека телефонскиот разговор помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп е закажан во 17 часот по московско време (16 часот по средноевропско време).

– Во 17 часот ќе биде телефонскиот разговор со Трамп, посочи Песков.

Трамп пред два дена најави дека денеска ќе разговара со Путин за ставање крај на војната во Украина.

Темата на повикот ќе биде завршување на крвопролевањето, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, еден ден по директните руско-украински мировни преговори во Истанбул.

Трамп изрази надеж дека понеделник ќе биде продуктивен ден, дека „ќе има прекин на огнот и оти ќе заврши многу насилната војна – војна која никогаш не требаше да се случи“.

Пронајдете не на следниве мрежи: