Путин не се откажува: Нова офанзива наместо најавуваниот мир

Рускиот претседател Владимир Путин го отфрли предлогот за прекин на огнот по сегашната фронтова линија и е решен да ја продолжи војната за заземање на преостанатиот дел од Донбас, наведува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин го отфрли предлогот на неговите советници за запирање на војната по сегашната фронтова линија и ги прекори за тоа, објави Ројтерс, повикувајќи се на три извори поврзани со Кремљ.

Според нив, Путин сè уште има намера да ја продолжи војната со цел да го окупира преостанатиот дел од Донбас.

Два извори тврдат дека украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии, пристаништа и енергетска инфраструктура дополнително ја зацврстиле решителноста на Путин, наместо да го поттикнат на преговори.

Еден од изворите, кој редовно се среќава со Путин, рече дека рускиот претседател е „заглавен“ на целта за целосно заземање на Донбас.

Според Ројтерс, Путин неодамна ја критикуваше групата советници кои предложија замрзнување на конфликтот по постојната фронтова линија како основа за прекин на огнот.

Друг извор тврди дека Путин верува дека руските сили на крајот ќе го преземат остатокот од Донбас и затоа не е подготвен за компромис.

Според истите извори, постои голема веројатност Русија дополнително да ја ескалира војната во наредните месеци, наместо да се движи кон мировни преговори.

Кремљ вели дека е отворен за мир, но предупредува да не се продолжува со операцијата.

Тврдењата на Ројтерс се спротивставуваат на неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, кој по разговорите со Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека крајот на војната е „поблиску отколку што мислат луѓето“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за Ројтерс изјави дека Русија останува отворена за мирно решение.

Пронајдете не на следниве мрежи: