четврток, 12 ноември 2026
Најново

Путин постави ултиматум за крај на војната!!! Ова е услов за почеток на мировните преговори

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Услов на Русија за Европа да започне мировни преговори – да ја признае анексијата на украинските територии.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Русија го условува почетокот на мировните преговори за ставање крај на агресијата врз Украина со признавање на руската анексија на украинските територии. Кремљ соопшти дека отежнувачка околност е што европските земји не сакаат да ги признаат новите територии анектирани од Украина.

Руската изјава дојде откако американскиот претседател Џо Бајден на 1 декември изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Како услов за тоа, Бајден посочи дека Путин мора да покаже подготвеност да најде начин да стави крај на војната во Украина. Тој го изјави ова по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа. Макрон рече дека се согласиле да не бараат од Украинците да се согласат на компромис што не е прифатлив за нив.

Германскиот канцелар Олаф Шолц разговараше со Путин по телефон за првпат од септември. Во едночасовниот разговор тој го повика претседателот на Русија да најде дипломатско решение за што побрзо завршување на војната.

Путин го повика Шолц да го преиспита пристапот во контекст на украинските настани.