Путин телефонски разговарал со Лукашенко: дискутирале цел час, а детали не се откриваат

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот белоруски колега Александар Лукашенко, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Владимир Путин имаше телефонски разговор со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот лидер, пренесува „Известија“. Песков не соопшти детали од разговорот.

Нивниот претходен телефонски разговор се одржа на 2 март по парламентарните и локалните избори во Белорусија. Како што соопшти прес-службата на Кремљ, двајцата лидери разговарале за актуелни прашања од билатералните односи, соработката и стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Според прес-службата на белорускиот претседател, Лукашенко и Путин разговарале околу еден час. Меѓу темите беа прашањата за соработка во рамките на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) и Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), како и меѓународни теми и ситуацијата во регионот.

Пронајдете не на следниве мрежи: