четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Путин, те чекам во понеделник“ – Зеленски директно до рускиот претседател: „Избери сам каде – Истанбул, Ватикан или Швајцарија!“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина е подготвена веднаш да одржи состанок со Русија на највисоко ниво за да се разговара за прекин на огнот и крај на војната.

„Русите не се подготвени за прекин на огнот. Нивната делегација смета дека тоа е прашање што може да го решат само лидерите на двете земји. Тие самите рекоа дека прекинот на огнот е прашање за повисоко ниво. Ние сме подготвени за состанок веднаш – каде и да посакаат: Истанбул, Ватикан, Швајцарија – сите опции се отворени. Во понеделник или кој било друг ден“, рече Зеленски на прес-конференција, пренесува агенцијата Укринформ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Украина, според него, предлага прекин на огнот до одржувањето на состанокот меѓу лидерите на двете земји. Претходно, во понеделникот, во Истанбул се одржа вториот круг од преговорите меѓу руската и украинската делегација, кој траеше повеќе од еден час и се одржа во палатата Чираган. По завршувањето на преговорите, украинската страна соопшти дека е постигнат договор за размена на сите тешко ранети и критично болни воени заробеници, како и млади војници на возраст од 18 до 25 години, според принципот „сите за сите“. Исто така, договорено е двете страни да разменат тела на по 6.000 загинати војници.

Киев предложи и состанок на ниво на претседатели до крајот на месецот, со надеж дека тој ќе донесе конкретен напредок во напорите за ставање крај на војната.

Поврзани вести