четврток, 12 ноември 2026
Најново

Путин ја потпиша ратификацијата на договорот за стратешко партнерство со Иран

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша Законот за ратификација на Договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран.Како што се наведува во документот, двете земји ќе се залагаат за продлабочување и проширување на односите во сите области од заемен интерес, за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и одбраната, тесно координирање на активностите на регионално и глобално ниво, „што одговара на долгорочно, сеопфатно и стратешко партнерство“.Договорот беше потпишан на 17 јануари, за време на посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на Москва.Минатата недела иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи беше во официјална посета на Москва, каде што се сретна со Путин.Според Арагчи, тој разговарал со рускиот лидер индиректни преговори меѓу Иран и САД и голем број други прашања.По разговорот со Путин, тој разговараше и со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Поврзани вести