Пучот во Габон загушен, ситуацијата ќе се нормализира

Само десетина минути по информацијата дека армијата изврши државен удар во Габон, на улиците на главниот град Либервил има тенкови и други вооружени возила, на програмата на државната телевизија се појавија војници и соопштија дека е извршен државен удар со цел, како што тврдат, враќање на демократијата, стигна нова информација за драматичен пресврт на ситуацијата. Имено, во неа се вели дека пучот е загушен, а полицијата ги уапсила војниците кои ја зазедоа државната телевизија во Габон и објавија формирање Национален совет за реставрација поради губење на довербата во претседателот на земјата, јавува РФИ, повикувајќи се на министерот за комуникација Гиј Бертран Мапонг, кој ја врши должноста на официјален претставник на владата.
Ситуација во земјата ќе биде нормализирана во наредните часови ветил габонскиот министер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.