Антибактериските гелови го намалуваат бројот на микроорганизми на кожата. Тие се одлична алтернатива кога не сте во можност да ги измиете рацете, но сепак, не се замена за миењето со сапун.
Дел од состојките на овие гелови е и пријатниот мирис, кој дава чувство на чистота, како и состојки за нега на кожата. Сепак, употребувањето на овие гелови ја суши кожата бидејќи тие содржат алкохол.
Најчестата состојка е алкохол глицерол, а неретко имаат и екстракт од алое вера. Глицеролот ја навлажнува кожата и го спречува нејзиното сушење.
За најдобри резултати, примената на антибактериските гелови треба да биде според упатството. Многу истражувања покажале дека времето поминато кај вообичаеното миење раце е поврзано со ефикасноста на состојките кои ги уништуваат микроорганизмите.
Исто и кај геловите за раце, времето на контакт и количеството на гел се важни за доброто влијание. Сите овие производи имаат антимикробно својство. Сепак, се разликуваат по составот и по нивното делување.
Заедничко на сите антибактериски гелови им е тоа што не бараат употреба на вода и се нанесуваат со втривање на кожата.
Јасно е дека во овој случај не станува збор за миење на рацете, туку само се намалува бројот на микроорганизми. Поради тоа, овие продукти се погодни за веќе „чисти“ раце, односно, не делуваат добро доколку рацете не се доволно чисти. Гелот може да се нанесе и под ноктите.
Поради високото количество на етанол, антибактериските гелови не се погодни за оштетена кожа. Доколку немате никакви проблеми со кожата, можете да ги користите слободно.
Корисни напомени и совети:
– Антибактериските гелови не се за нега на кожата и не треба да ги користите како такви.
– Геловите треба да ги држите понастрана од извор на топлина и од дофат на деца.
– Некогаш во геловите се користел триклосан, состојка опасна и за здравјето и за околината.
– Можете да направите и ваш антибактериски гел така што ќе измешате третина лажица гел од алое вера со две третини лажица алкохол. Можете да додадете и малку есенцијално масло за подобар мирис.