Ражнатовиќ не се одвојува од вереничката: Вељко летува со девојката и со мајка му

Вељко Ражнатовиќ го исполни ветувањето и по победата во бокс меч во Кончарево, својата вереничка Богдана Родиќ ја однесе на летување во својата вила на Кипар.
Наследникот на Цеца Ражнатович веќе неколку месеци ужива во љубовта со поранешната кошаркарка од Тител, а неодамна и се верија.

Младиот Ражнатовиќ призна неодамна, дека тој и неговата партнерка работат на принова, а најави и дека ќе води во вилата на мајка му на Кипар.
Сега и ветувањето ги исполни и Богдана ја одведе во Аја Напа, и тоа додека таму престојува целото негово семејство – мајката Цеца, тетката Лидија Оцокољиќ со децата и вујкото Милан Маринковиќ.

Дека Вељко и поранешната кошаркарка одлично си поминуваат, секојдневно покажуваат на социјалните мрежи и поставуваат заеднички фотографии од плажа.
Ражнатовиќ неодамна објави и заедничка фотографија со Богдана и напиша емотивна порака.
– Сечиј човен не е човек. Човек си единствено кога си тој во очите на саканата жена, напиша тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.