ДЕМАНТ на вест на телевизија Сител дека од утре понеделник нема да возиме
Почитувани,
Сакаме остро да ги демантираме информациите во јавноста пласирани од телевизија Сител дека од утре понеделник нема да возиме. Јавниот превоз организиран од страна на Вестор транс во понеделник продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред.
Вестор транс ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 за кои има добиено дозвола за превоз.
Со почит,
Вестор транс