Раздор во Белата куќа: Трамп пред Кабинетот рече дека Елон Маск нема право да дели откази

Доналд Трамп, претседателот на САД, го собра својот кабинет и јасно им стави до знаење дека тие се раководители на нивните ресори и дека Илон Маск нема право да отпушта работници, објави Politico.

Како што открил извор од средбата за овој медиум, Трамп на своите соработници им рекол дека Маск може да им предложи што би можеле да направат, но дека нивната одлука е обврзувачка.

На овој состанок беше вклучен и милијардерот, чија улога во тимот на Трамп предизвика загриженост кај другите членови на администрацијата, особено поради негативниот медиумски публицитет поврзан со неговите изјави и објави на социјалните мрежи.

Маск, според Politico, ја прифатил одлуката на американскиот претседател, велејќи дека неговиот „Оддел за владина ефикасност направил некои погрешни чекори“.

Трамп, исто така, нагласил дека „не поддржува масовни отпуштања во владината администрација“ и дека „сака да ги задржи добрите работници“.

Без разлика на овие пораки, огромен број работници во американската бирократија беа отпуштени во изминатите неколку дена, а дел од правните експерти потенцираа дека „законитоста“ на овие одлуки е доведена во прашање.

Не е познато дали „промената на курсот“ што Трамп ја сигнализираше на оваа средба ќе резултира со враќање на одредени работници на своите работни места.

Според Politico, оваа средба била свикана откако високи републиканци му кажале на Трамп своите сомнежи за активностите на неформалниот оддел на Маск и дека тој „треба да ја врати довербата“ на соработниците кои водат различни ресори во американската влада.

Пронајдете не на следниве мрежи: