Разрешен е досегашниот директор на штипскиот затвор Мики Тодоров. Според информации на МНЕТ Телевизија на негово место ќе биде поставена Тања Трајчова, правничка во институцијата.
Тодоров беше поставен на функцијата во 2017 година, а од која причина е разрешен засега нема официјален став од Управата за извршување на санкции.