Раиконен најбрз на тренинзите во Малезија

Возачите на Ред Бул и Лотус, Марк Вебер и Кими Раиконен имаа најбрзи времиња на првите тренинзи на патеката Сепанг, во пресрет на трката за Големата награда на Малезија, втора во 64-та сезона во Формула 1.

Најбрзиот круг на тренинзите го извозе победникот на премиерната трка сезонава, Големата награда на Австралија, Кими Раиконен, со време од 1:36.569 минути. Вебер беше најбрз на првиот тренинг пред Раиконен, Фетел, Алонсо, Розберг, Зутил, Маса, Ди Реста, Хамилтон и Грожан. Финецот најбрзиот круг го постави на вториот тренинг, додека зад него се пласираа Фетел, Маса, Алонсо, Вебер, Грожан, розберг, Ди Реста, Хамилтон и Зутил. На првите слободни тренинзи, слично како и во Австралија со своите перформанси разочараа возачите на Мекларен – Батон забележа 11-то и 12-то време, додека Перез беше 13-ти и 11-ти. Последниот слободен тренинг на Сепанг ќе се вози во сабота со почеток во шест часот по средноевропско време, три часа подоцна на програмата ќе бидат квалификациите. Трката за Големата награда на Малезија, втора во годинешното првенство во Формула 1 ќе стартува во недела во девет часот по средноевропско време.
Макфакс
Возачите на Ред Бул и Лотус, Марк Вебер и Кими Раиконен имаа најбрзи времиња на првите тренинз

Пронајдете не на следниве мрежи: