Ракометарите на мегдан со светскиот првак

Македонската ракометна репрезентација, во среда, ќе го одигра натпреварот од третото квалификациско коло во А групата за пласман на Европското првенство во Данска во 2014 година.

Противник на македонските ракометари ќе биде репрезентацијата на актуелниот светски првак Шпанија. „Шпанците се можеби  поквалитетни од нас (технички и физички), но сепак не треба да дозволиме да нè победат во борбеноста, тука е нашата најголема предност. Сигурен сум и дека навивачите ќе направат една позитивна атмосфера“, смета бекот на националниот тим Филип Миркуловски. Дуелот во Скопје, во арената „Борис Трајковски“ ќе започне во 17:45 часот, реваншот во Шпанија ќе се одигра во Гвадалахара на 7.април.
Макфакс
Македонската ракометна репрезентација, во среда, ќе го одигра натпреварот од третото квалифика

Пронајдете не на следниве мрежи: