Ракометарките на контролни средби со Србија

Најдобрите македонски ракометарки, во понеделник навечер, во СРЦ Кале ќе го имаат првиот тренинг, во пресрет на пријателските натпревари со Србија.Мечевите со полуфиналистот од последното Европско првенство ќе се одиграат во рамките на неделата на ЕХФ (18-24.март 2013).Селекторот на репрезентација, Гино Стрезовски за натпреварите со Србија повика 18 ракометарки, со исклучок на Елена Ѓеоргиевска (Будуќност Подгорица) сите настапуваат во домашното првенство. Најмногу репрезентативки, десет, доаѓаат од Металург, пет ракометарки играат во ЖРК Вардар СЦБТ, додека три се членки на Жито Прилеп.Списокот на Стрезовски за контролните натпревари со Србија:Антиќ, Митрова, Гроздановска, Николовска, Мечевска, Младеновска, Бајрамовска, Д.Ѓеоргиевска, Десподовска, Кераметчиева (Металург), Крстевска, Маневска, Штериова, Црвенковска, Саздовски (ЖРК Вардар), Наумовска, Мркиќ (Жито Прилеп), Е.Ѓеоргиевска (Будуќност Подгорица).Македонија против Србија ќе одигра две контролни средби, двете ќе се одиграат во Крушевац на 21 и 23. март.Контролните мечеви се дел од подготовките на репрезентацијата за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство, во кои противнички на македонските ракометарки ќе бидат репрезентативките на Шпанија, дуелите се закажани за 1. односно 8/9.јуни.
МакфаксНајдобрите македонски ракометарки, во понеделник навечер, во СРЦ Кале ќе го имаат првиот тренинг, во пресрет на пријат

Пронајдете не на следниве мрежи: