Ракометарките од третиот барабан ќе ја чекаат жрепката за ЕП во 2014 година

Женската ракометна репрезентација на Македонија од третиот барабан ќе ја чека жрепката за квалификациксиите групи за Европското првенство во 2014 година, кое заеднички ќе го организираат Унгарија и Хрватска.Според распоредот на барабаните кој го објави Европската ракометна федерација (ЕХФ), во третиот барабан заедно со Македонија ќе бидат Словенија, Турција, Австрија, Белорусија, Полска и Словачка.Во првиот барабан ќе бидат: Норвешка, Данска, Франција, Шпанија, Русија, Шведска и Црна  Гора.Репрезентациите на Романија, Германија, Исланд, Холандија, Србија, Украина и Чешка ќе бидат сместени во вториот барабан, додека во четвртиот барабан се: Литванија, Финска, Швајцарија, Португалија и Италија.Од четирите барабани ќе бидат формирани седум групи – пет со по четири репрезентации и две во кои ќе партиципираат по три селекции. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе изборат пласман на Европското првенство.Инаку, ЕХФ дополнително ќе го одреди местото и терминот на извлекувањето на групите.
МакфаксЖенската ракометна репрезентација на Македонија од третиот барабан ќе ја чека жрепката за квалификациксиите групи за Е

Пронајдете не на следниве мрежи: