четврток, 12 ноември 2026
Најново

Раскинаа Кање Вест и Џулија Фокс, таа призна дека не е вљубена во него

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Могумина мислеа дека новиот пар ќе го искористи Денот на вљубените на најдобар можен начин, сепак стигна веста за нивното раскинување, кое го потврди самата Џулија.
„Сите би сакале да сум несреќна. Медиумите попрво би виделе осамена, тажна жена како сама плаче во авион, но тоа не е вистината. Кање и јас понатаму сме во добри односи. Го сакам, но не сум заљубена во него. Зар мислите дека имам 12 години?“, напиша манекенката во пост, кој потоа ги избриша, пренесе People.
Сепак, извори тврдат дека за крајот на нивната врска најмногу е заслужна оддалеченоста, со оглед на фактот дека Кање живее во Лос Анџелес, а манекенката во Њујорк.
„Џулија пред сè е мајка, а нејзиното семејство и обврски се наоѓаат во Њујорк. Кање изрази желба таа да биде во Лос Анџелес, но таа не можеше да го прифати тоа“, вели изворот, потсетувајќи дека манекенката има едногодишен син.

Поврзани вести