четврток, 12 ноември 2026
Најново

Раста може да помине 12 години во затвор?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста би можел да помине 12 години во затвор, а постои можност да помине и само со парична казна.
Имено, на раперот кој е уапсен во петокот во центарот на Белград, му се става на товар кривично дело произвоство и пуштање во промет на опојни дроги, по што му беше одреден притвор од 48 часа.
Причина за тоа е килограм дрога која била пронајдена при претрес извршен во станот на Раста. Претходно кај него биле пронајдени 5 грама марихуана.
Раста денеска треба да биде сослушан во обвинителството. Поради наведеното кривично дело тој би можел да помине во затвор 12 години.
Со раперот бил приведен уште еден маж кај кого полицијата пронашла кокаин.

Поврзани вести