четврток, 12 ноември 2026
Најново

Раста објави неодолива фотографија со својата ќерка, па откри дали таа ги слуша неговите песни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откри колку Тара е врзана за него
Стефан Ѓуриќ Раста на својот Инстаграм профил често објавува фотографии од ќерката Тара, што е плод на љубовта со поп пејачката Ана Николиќ.
Неговата нова објава сега разнежни многумина бидејќи Раста откри колку наследничката е врзана за него и колку ја сака неговата музика.
Тој објави нивна заедничка фотографија со која напиша:
– Не знам како да му се заблагодарам на Бога што моето дете е мојот најголем обожавател. Во состојба е да седи и да ги гледа сите мои видеа. Секогаш на нејзина иницијатива – напиша Раста и додаде:


– Ги знае и ги сака буквално сите мои спотови. Љубов – стои во објавата на раперот, на која додал и фотографија на која се гледа како двајцата седат на лаптоп.
Да се потсетиме, Стефан Ѓуриќ Раста и Ана Николиќ станаа родители на 3-ти август 2017 година, кога пејачката роди ќерка во породилиштето Народни фронт, на која и го дадоа името Тара. Од тој ден и раперот и пејачката често истакнуваат колку нивната наследничка им го подобрила животот.

Поврзани вести